Сијарто: Европските политичари не треба да го попречуваат успехот на мировните преговори меѓу Русија и Украина

12

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги предупреди денеска европските политичари кои „ја напаѓаат про-мировната позиција на унгарската влада“ да „не го попречуваат успехот на мировните преговори“ меѓу Русија и Украина.

Додека Унгарија веќе повеќе од три години се залага за прекин на огнот и мировни преговори, Брисел и Европјаните ја напаѓаат Унгарија поради тоа, напиша Сијарто на Фејсбук, се наведува во сооштението на унгарското Министерство за надворешни работи.

„Но изборот на Доналд Трамп донесе со себе надеж за мир. Благодарение на Доналд Трамп, сега постојат директни разговори меѓу Американците и Русите и меѓу Русите и Украинците.

Ова веќе го направи светот побезбедно место“, истакна Сијарто, пренесува МТИ. Тој кажа дека сите се свесни дека мировните преговори ќе бидат тешки, проади што ги повика Брисел и европските политичари да не го попречуваат успехот на мировните преговори. Унгарската влада, рече тој, ќе продолжи да прави се што може да ги поддржи мировните напри на американскиот претседател.

Сијарто додаде дека се надева дека разговорите што поскоро ќе доведат до прекин на огнот и на крајот до целосен мировен договор, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ