Сијарто: Европските политичари ќе сторат сè за да го спречат самитот Русија-САД во Унгарија

94
EPA/MOHAMED HOSSAM

Европските лидери ќе сторат сè што е можно за да се обидат да ја спречат средбата на рускиот и американскиот лидер во Будимпешта, бидејќи мнозинството политичари од Европската Унија се фокусирани на продолжување на конфликтот во Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Можеме да бидеме сигурни дека огромното мнозинство политичари од Европската Унија ќе сторат сè што е можно во наредните недели или денови за да го спречат одржувањето на овој самит, бидејќи ако се одржи, тоа ќе даде шанса за мир, а тие се заинтересирани за продолжување на војната – изјави Сијарто за радио „Кошут“.

Според него, унгарскиот премиер Виктор Орбан е единствениот политичар во Европа кој „успеал да изгради и одржи соработка врз основа на меѓусебно почитување и со американскиот и со рускиот претседател“, поради што Будимпешта е избрана како платформа за одржување на мировниот самит.

– Речиси сите земји од ЕУ, со исклучок на Словачка и Унгарија, водат „воена политика“. Тие го претставуваат конфликтот во Украина како свој, се подготвуваат за војна и сакаат да воведат воена состојба во ЕУ, ја вооружуваат Украина и ја финансираат со европски средства, додека Унгарија организира мировен самит – заклучи Сијарто.

ИЗДВОЕНИ