Сибирски бран: Следува студ, многу дожд и снег над 60 см!

44

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во државава кое започна синоќа почнувајќи од вечерните часови и продолжува денеска и во текот на целиот утрешен ден (петок 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд. Според прогнозата на метеорологот Славчо Поповски во најголем дел ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на метар квадратен).

-Во исто време од исток и од североисток, односно од Русија ќе продре многу ладен воздух, невообичаен за самиот почеток на октомври и ќе услови засилен ветер од северен правец и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините  и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег. Поради понатамошно заладување ноќва кон петок како и преку целиот ден снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така врнежи од снег ќе има  и во дел од повисоките градови особено во западните  и во северните предели од нашата Република Македонија, се вели во метепорогнозата на Поповски.

Според него, во Скопје и околината ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.

Што се однесува до температурите, во петок (3 октомври) ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На повисоките и планинските места температурите ќе бидат под нулата  и ќе има појава на мраз.

-Се на се пред нас е права зима уште во првите денови од месец октомври и температурите ќе бидат потпросечни дури и за повеќе од 10/15 степени што е премногу. Подгответе ја топлата облека  и зимските гуми на возилата, и секако бидете крајно внимателни доколку патувате низ планинските превои и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег  и снежната покривка, но и поради очекуваната појава на мраз поради минусните температури на воздухот, вели Поповски.

ИЗДВОЕНИ