Бразилскиот фудбалер Рајнер Хесус (23) го заврши својот престој во редовите Реал Мадрид по пет и пол години, без да одигра ни една минута за него.

Играчот од средниот ред, кој пристигна од Фламенго на само 18 години во трансфер вреден 30 милиони евра, а потоа плачеше при презентацијата во Реал, се враќа во својата татковина, каде што ќе ја продолжи кариерата во Атлетико Минеиро, пишува шпанска „Марка“.

Реал имаше големи очекувања од него, исто така и навивачите, а и самиот тој. Многумина гледаа во него ѕвезда, како неговите сонародници Родриго и Винисиус Жуниор, меѓутоа приказната имаше поинаков крај. Тој се враќа дома без официјално деби за Реал.

ИЗДВОЕНИ