Си-Ен-Ен: Заложниците во Газа би можеле да бидат ослободени ноќта помеѓу недела и понеделник

163
Printscreen

Преостанатите израелски заложници држени во Газа би можеле да бидат ослободени преку ноќ од недела кон понеделник, изјави извор запознаен со ова прашање, а ослободувањето би се случило на различни локации, објави CNN.

Точниот временски рок сè уште не е финализиран и би можел да се промени, но ако тоа се случи во рамките на наведениот период, заложниците ќе бидат ослободени пред пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој пристигнува во Израел во понеделник, објави американската телевизиска мрежа.

Рокот од 72 часа за ослободување на заложниците, како што е предвидено во договорот за прекин на огнот прифатен од Израел и Хамас, истекува напладне по локално време во понеделник. Од 48-те преостанати заложници, се верува дека 20 се уште се живи, објави CNN.

Израелската војска претходно соопшти дека прекинот на огнот во Газа стапил на сила откако нејзините трупи се повлекле во согласност со договорот одобрен од владата.

Илјадници Палестинци почнаа да се враќаат во северна Газа, додека УНИЦЕФ соопшти дека повеќе од 1.300 камиони се подготвени да достават хуманитарна помош на територијата.

Претседателот Трамп, кој ќе отпатува на Блискиот Исток во понеделник, вчера изјави дека верува оти прекинот на огнот ќе се одржи бидејќи завојуваните страни се „уморни од борбите“.

Според договорот, заложниците што ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за ослободување на речиси 2.000 палестински затвореници што ги држи Израел.

ИЗДВОЕНИ