Си-Ен-Би-Си: Трамп повторно го одложи воведувањето високи царини за Кина за уште 90 дена

21
EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се спречи повторно стапување во сила на високите американски царини за кинескиот увоз во следните 90 дена, изјави денес функционер на Белата куќа.

Наредбата е потпишана само неколку часа пред полноќ, кога требаше да истече рокот за воведување на гореспоменатите царини за Кина, што ги најави Трамп, објави CNBC.

Одложувањето беше очекуваниот исход од последната рунда разговори меѓу американските трговски преговарачи и нивните кинески колеги, што се одржаа во Стокхолм кон крајот на минатиот месец.

ИЗДВОЕНИ