Вториот женски тениски рекет, Полјачкaта Ига Швјонтек, наводно размислува да го пропушти Вимблдон.

Таа има прилично неуспешна година според нејзините стандарди, во која не само што е сè уште без титула туку и без финале. Од почетокот на сезоната, таа не успеа да игра за трофејот на омилената земјена подлога откако беше поразена од Остапенко во четврт-финалето во Штутгарт и од Гоф, во полуфиналето во Мадрид.

Дури и кога доминираше во тенисот, Швјонтек не можеше да се снајде најдобро на трева, па се тврди дека во текот на Вимблдон ќе земе одмор од турнирите.

Нејзин најдобар резултат на Вимблдон беше четврт-финалето во 2023 година, додека во другите четири наврати не се пласираше подалеку од четвртото коло.

ИЗДВОЕНИ