Американската тенисерка Аманда Анисимова се пласираше во полуфиналето на завршниот ВТА- турнир во Ријад откако ја победи полската тенисерка Ига Швјонтек во три сета, 6:7, 6:4, 6:2, на последниот натпревар од третото коло од групата „Серена Вилијамс“. Натпреварот траеше два часа и 37 минути. Анисимова три пати направи брејк на сервисот на полската тенисерка, која, пак, не доби ниту еден брејк.
Американската тенисерка го заврши натпреварувањето на второто место во групата, со две победи и еден пораз.
Шесторангираната казахстанска тенисерка, Елена Рибакина, исто така се пласираше во полуфиналето од групата „Серена Вилијамс“ откако ја заврши групната фаза со сите три победи.











