Швеѓаните „ја возат“ црквата пет километри источно/ВИДЕО

117
EPA/Fredrik Sandberg SWEDEN OUT

Историска дрвена црква во северна Шведска се преместува пет километри источно како дел од поширок проект за преместување на рударскиот град Кируна, чија почва стана премногу нестабилна поради подземното ископување железна руда.

Илјадници минувачи се собраа во вторник за да го видат преместувањето, објави шведската новинска агенција ТТ. Телевизиските снимки ја покажуваат дрвената црква од 672 тони како минува низ градот на специјално изградена платформа.

Градот Кируна, дом на најголемиот подземен рудник за железна руда во светот, почна да го преместува центарот на градот неколку километри источно пред неколку години поради растечкиот ризик од лизгање на земјиштето и уривање на зградите.

Црквата, изградена во 1912 година во стилот на национален романтизам, се движи на својата платформа со брзина од околу 500 метри на час, па се очекува преместувањето да трае два дена.

Се очекува на настанот да присуствува  шведскиот крал Карло XVI Густав, а вечерва  во Кируна треба да настапи групата KAJ, која ја претставуваше Шведска на Евровизија во 2025 година.

ИЗДВОЕНИ