Швеѓанец е осомничен дека ја принудувал својата сопруга на сексуални односи со најмалку 120 мажи, а обвинението против него ќе биде поднесено во март, пренесоа шведските медиуми. Новинската агенција НТВ извести во понеделникот дека казненото дело се случувало во текот на неколку години, и во физички средби и преку интернет.
Случајот излезе на виделине пред некое време, а мажот е во притвор од октомври врџ основа на сомневање за подведување. Претходно станувало збор за приближно 30 мажи. Жената сама го пријавила својот сопруг во полција. За швеско радио изјавија дека во некои случаи била под дејство на дрога и алкохол до тој степен што не се сеќавала на ништо.
Нејзиниот сопруг наводно нудел сексуални услуги на разни интернет страници. Клиентите, за кои се верува дека биле од цела Шведска, исто така се соочуваат со кривични пријави. Во Шведска, купувањето сексуални услуги е илегално, додека продажбата на секс е неказнива, пренесува „Хина“.












