четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Шведската царина изврши контрола на руски брод под санкции на ЕУ

Шведската царина изврши контрола на руски брод под санкции на ЕУ

94

Шведската царинска служба во петокот соопшти дека властите се качиле на руски товарен брод кој во петокот се закотвил во шведските води откако имал проблеми со моторот и дека е во тек инспекција и контрола на товарот.

Портпаролот на царината, Мартин Хоглунд, изјави дека бродот „Адлер“, чии сопственици се на списокот со санкции на Европската унија (ЕУ), бил проверен со поддршка на шведската крајбрежна стража и полицијата, објави Ројтерс.

„Се качивме на бродот веднаш по 1 часот наутро за да извршиме царинска контрола. Инспекцијата е сè уште во тек“, рече Хоглунд, додавајќи дека засега не може да даде детали за наодите.

ИЗДВОЕНИ