Шведската активистка Грета Тунберг доби забрана за влез во Венеција, и е казнета со 150 евра

7
epa12149124 Swedish climate activist Greta Thunberg (C) speaks during a press conference together with the crew of the Madleen, the sailing ship of the NGO Freedom Flotilla, before departing from the port of San Giovanni Li Cuti headed to Gaza, in Catania, Italy, 01 June 2025. EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

Шведската активистка Грета Тунберг доби забрана за влез во Венеција и казнета со 150 евра откако таа и група активисти од организацијата „Бунт против изумирањето“ истуриле зелена боја во Големиот канал.

Венециските власти ѝ воведоа 48-часовна забрана за влез, објаснувајќи дека таа „повеќе е заинтересирана за самопромоција отколку за заштита на животната средина“.

Инцидентот се случил за време на викендот, кога околу 35 активисти протестираа против уништувањето на животната средина, пренесува „Танјуг“.

Тие носеа транспарент „Стоп на екоцидот“, истурија зелена и црвена боја во Големиот канал и „маршираа“ низ групи туристи со превези на главите, пишува „Дејли меил“.

Гувернерот на регионот Венето, Лука Заја, го осуди дејствувањето на активистите како „непочитување кон Венеција, нејзината историја и нејзината кршливост“.

„Уште повеќе сум изненаден што ја гледам Грета Тунберг меѓу авторите на овој бескорисен протест, кој јасно има за цел – повеќе од подигање на свеста за животната средина, да си даде видливост“, рече тој.

И други активисти беа казнети со истата казна.

Активистите на „Бунтот против истребувањето“ спроведоа слични акции во други италијански градови – Болоња, Џенова, Милано, Падова, Палермо, Парма, Трст, Торино и Таранто, наведувајќи дека нивната цел е да ја подигнат свеста за „масивните последици од климатскиот колапс“, а ја избраа Италија затоа што наводно е една од земјите што најмногу се залагала за спречување на усвојувањето на предлозите презентирани на самитот COP30.

 

Активисти за животна средина го обоија Големиот канал во Венеција во зелено – револтирани од неуспехот на конференцијата на ОН за климата

ИЗДВОЕНИ