вторник, јануари 27, 2026
Дома МАГАЗИН Шведска најави намалување на границата за кривична одговорност за најтешки кривични...

Шведска најави намалување на границата за кривична одговорност за најтешки кривични дела на 13 години

22

Шведската влада предложи намалување на минималната старост за кривична одговорност за најтешки кривични дела на 13 години со што 13-годишник обвинет за убиство во иднина би можел да помине година-две во затвор за малолетници, пренесе „Бета“.

Владата претствави уште неколку построги казни за криминалци помлади од 18 години, пишуваат шведските онлајн весници на англискиот „Свиден хералд“ (Sweden Herald).

Како што се наведува, и покрај острите критики, продолжи со предлогот за намалување на кривичната одговорност на 13 години за кривични дела за кои е пропишана затворска казна од четири години, на пример, убиство, обид за убиство, тешко силување или тешко нарушување на јавната безбедност.

Министерот за правда Гунар Стремер рече изјави на прес-конференција дека Шведка има итна ситуација и дека мерките кои ги презема мораат да го одразуваат тоа.

Како што наведува порталот, во Шведска минатата година 52 млади лица од 15 години биле вклучени во судски постапки поради убиство и планирање убиство. „Тоа е шокантно“, рече министерот.

Се планира намалувањето на старосната граница за кривична одговорност да стапи на сила на почетокот на јули и да биде валидно пет години. По тоа период би требало да следи расправа по тоа прашање во парламентот.

Според  министерот, целта е во текот на тие пет години да се направат големи чекори за превенција на кримналот и потоа да се разгледа враќањето на границата од 15 години или трајно воспоставување на границата за кривична одговорност на 13 години.

Се наведува дека 13-годишниците и 14-годишниците осудени на малолетнички затвор ќе им бидат значително намалени казните на десетина односно на петтина од казната што ја добива возрасно лице. Тоа значи година-две затвор за малолетници за 13-годишници или 4-5 години за 14-годишници.

Меѓутоа, судовите ќе имаат опција да изберат некоја друга казан наместо малолетнички затвор, како надзор и грижа за малолетникот, посебно ако казната се прцени на помалку од една години по намалувањето по основа на возраст.

Шведската затворска служба очекува на лето да има 54 мест за оние на возраст од 13 до 17 години во специјалните одделенија за малолетници. Бројот на места ќе биде зголемен на 300 до 2027 година, пренесе swedenherald.com.

Истовремено, постепено се укинува сегашниот затворски систем за грижа за младите во државните домови за малолетни престапници се заменува со затвор за малолетници.

Планирано е по отслужувањето на затворската казна 13-годишниците и 14-годишниците да бидат под условна казна во перид од 2 години, под надзор на социјалните и службите за рехабилитација и реинтеграција.

Во моментот, 15-годишниците кои ќе извршат крвично дело не можат да бидат казнети, туку за нив се грижат социјални служби.

За младите на 15-годишна возраст кои ќе направат помалку сериозни кривични дела, како кражба или напад, и во иднина ќе биде задолжена социјална служба, пишува „Свиден хералд“ повикувајќи се на министерството за правда на Шведска.

 

ИЗДВОЕНИ