Шведска ја суспендира поддршката на дел од државните институции во Србија – развојот во земјата оди во погрешна насока

44

Шведска одлучи да запре дел од финансиската помош на државните институции во Србија и средствата да ги пренасочи на јакнење на граѓанското општество, поради, како што наведуваат, влошената состојба во владеењето на правото, корупцијата и слободата на медиумите.

Владата на Шведска одлучи да ја „прилагоди поддршката“ за Србија во рамки на Стратегијата за реформско партнертство на Шведска со Западен Балкан и со Русија, беше објавено денеска.

Тоа значи дека прекинуваат делови од поддршката за државните институции во Србија и дека поддршката во голема мера ќе ја пренасочат на јакнење на граѓанското општество, пренесуваат медиумите.

„Развојот во Србија оди во погрешна насока. Тоа се однесува на се – од растечката корупција до непочитувањето на принципите на владеење на правото. Земјите не можат да очекуваат помош од Шведка ако не ги спроведуваат реформите и развојот што го очекуваме. Затоа сега ги воведуваме овие промени“, изјави шведскиот министер за развојна помош во надворешната трговија Бенјамин Доусa.

Стокхолм наведува дека Владата на Шведска внимателно го следи развојот во Србија и дека веќе подолго време забележува недостиг на реформска волја кај српската влада.

„Тоа посебно се однесува на спроведувањето на принципите на владеење на правото, на борбата против корупцијата и заштитата на основните слободи и права, како што се слободата на изразување и слободата на медиумите. Имајќи го тоа на увид, владата одлучи да ја преиспита поддршката за Србија, во согласност со принципите за проширување на Еврпската Унија засновано на заслуги“, стои во соопштението.

Се додава дека тоа значи дека земјите кои напредуваат и покажуваат волја за реформи се наградуваат, додека поддршката може да се намали или да се замрзне за земјите кои не ги почитуваат основните права или заостануваат во демократскиот развој.

„Владата затоа одлчучи да запре одредени облици на поддршка на српската држава и средствата да ги пренасочи на јакнење на граѓанското општество“, стои во соопштението.

ИЗДВОЕНИ