Според договорот потпишан денес меѓу Шведска и Естонија, Шведска ќе испрати до 600 затвореници да ги издржуваат своите казни во затвор во Естонија.
Договорот има за цел да ги намали пренатрупаните затвори во Шведска и, според него, од јули следната година, Шведска ќе може да испраќа мажи над 18 години кои се осудени за кривични дела, од убиство до сексуални престапи, во затвор во естонскиот град Тарту, пренесува Ројтерс.
Договорот треба да биде одобрен од парламентите на двете земји.