Искусниот руски кошаркар Алексеј Швед (36) ја продолжува кариерата во редовите на УНИКС од Казањ, потврдија од клубот. Тој се договорил за двомесечна соработка со клубот, а за него тоа ќе биде петтиот клуб за кој играл во Русија, по ЦСКА (двапати), Химки (двапати), како и Динамо и Зенит, каде што играше минатата сезона. Со тимот од Санкт Петербург го освои второто место во ВТБ-лигата и руското првенство.

Во својата богата кариера, Швед ги бранеше и боите на кинеските Шанкси, како и НБА-тимовите Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк.

ИЗДВОЕНИ