Шварценегер ја презема диригентската палка на Октоберфест/ФОТО/ВИДЕО

25

Американскиот актер и поранешен републикански гувернер на Калифорнија спонтано го диригираше оркестарот и публиката што пееше во пивницата и очигледно се забавуваше одлично, објавија германските медиуми.

Потоа, ѕвездата на филмот „Терминатор“ се фотографираше со музичарите објавува АП. Шварценегер (78), облечен во традиционален баварски кожен елек, кошула и фармерки, беше придружуван од неговата партнерка Хедер Милиган и синот Кристофер.

Тој неколку пати во минатото го посети најголемиот фестивал во светот во германската покраина Баварија, вклучувајќи го и шаторот Марстал, еден од многуте на фестивалот, пренесе Танјуг.

Овогодинешниот Октоберфест започна на 20 септември и завршува на 5 октомври.

Најголемиот фестивал на пиво во светот обично привлекува до шест милиони посетители.

ИЗДВОЕНИ