Регионалните власти соопштија дека четворица српски државјани се меѓу повредените во пожар во дискотека во Кранс-Монтана, јавува „РТС“.
Според најновите податоци, најмалку 40 лица загинаа во дискотеката во Кран-Монтана, а повеќе од 115 се повредени. Регионалните власти соопштија дека четворица српски државјани се меѓу повредените во вчерашниот пожар во Кранс-Монтана, јавува „РТС“.
На прес-конференција, претставници на регионалните власти изјавија дека се идентификувани 113 повредени лица и дека сè уште се работи на формално идентификување на уште шест лица.
Меѓу повредените има 71 швајцарски државјанин, 14 француски државјани и 11 италијански државјани.
Повреден е и по еден граѓанин на Босна и Херцеговина, Белгија, Луксембург, Португалија и Полска.
Гислер изјави дека националноста на 14-те повредени лица сè уште е непозната.
Претставниците на регионалните власти нагласуваат дека идентификацијата на загинатите во пожарот е „апсолутен приоритет“ и дека сите полициски власти во кантонот Вале се ангажирани.
Главната обвинителка на швајцарскиот кантон Вале, Беатрис Пилу, објави дека пожарот во бар во скијачкиот центар Кран-Монтана во Вале, кој избувна за време на новогодишната ноќ, не бил намерно подметнат.
Емануеле Галепини, 17-годишен италијански голфер, е наведен како едно од лицата кои загинаа во пожарот во Кран-Монтана, објави портпарол на италијанското Министерство за надворешни работи и Италијанската голф федерација.












