Швајцарски „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија

42

Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира десетици милиони евра во Македонија, што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека еден од главните приоритети на Владата се странските инвестиции.

– Приоритет на оваа Влада се инвестициите и отворањето нови работни места, а можам да кажам дека веќе имаме потврда од швајцарска фармацевтска компанија „Ронтис“, која ќе инвестира неколку десетици милиони евра во Македонија, за повеќе од 500 вработени. Добро платени вработени. Тоа е само низа во оние убави вести за македонските граѓани што ги соопштуваме изминатиов период – рече Мицкоски.

Швајцарската компанија за медицинска технологија „Ронтис“ е присутна во Македонија со свој производствен погон во Велес веќе 15-ина години, како дел од трите производствени погони, покрај оние во Романија и во Грција. Инаку, компанијата има свои погони во 83 различни земји во светот и над 300 вработени. Своите производи ги дистрибуира на четири континенти.

 

 

ИЗДВОЕНИ