
Швајцарската влада денес објави дека ќе им исплати 50.000 франци (околу 55.000 евра) на семејствата на жртвите и на тешко повредените во пожарот на новогодишната ноќ во бар во ски-центарот Кран-Монтана.
Целта на овој „солидарен придонес“ е да се обезбеди брза финансиска поддршка на семејствата на жртвите и преживеаните, и да послужи како гест на сочувство, соопшти Швајцарскиот федерален совет, пренесува „Ројтерс“.
Швајцарскиот претседател Ги Пармелин на прес-конференција изјави дека властите ја делат желбата за вистина и правда со жртвите и нивните семејства.
„Сакаме да знаеме што се случило, зошто и како можело да се спречи“, рече Пармелин.
Во пожарот загинаа 41 лице, а беа повредени повеќе од сто.











