Швајцарска полиција потврди – експлозијата во ски-центарот не е тероризам, но има многу мртви и повредени

1924
EPA/ALESSANDRO DELLA VALLE

Според достапните информации, повеќе од 100 луѓе се наоѓале во барот и салонот „Ле Констелејшн“, кој се наоѓа во алпскиот скијачки центар Кранс-Монтана во Швајцарија, кога избувнала експлозијата и пожарот. Иако капацитетот на барот е повеќе од 300 луѓе, точниот број на присутни луѓе во тој момент сè уште не е официјално потврден.

Швајцарската полиција потврди за Скај њуз дека најмалку 10 лица загинале во експлозијата. Тие исто така нагласија дека инцидентот не се третира како терористички напад. Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има „многу повредени и многу мртви“.

Експлозијата и пожарот се случиле за време на новогодишната забава во барот „Ле Констелашн“, а последиците биле сериозни. Лекар од швајцарската служба за воздушна брза помош и спасување наведе дека болниците се преполни со пациенти со тешки изгореници.

Сведоци на трагедијата во Кран-Монтана: „Пиротехника поставена на шишиња со алкохол го запалија таванот, а потоа се создаде паника“

Италијанското Министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожарот во Швајцарија. Повикувајќи се на локалните власти, оттаму соопштија дека најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени.

Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на смртни случаи. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви.

Италијанското министерство, исто така, наведе дека многу од жртвите не можат да бидат идентификувани во моментов поради тешки изгореници на нивните тела.

Италијански хеликоптер за цивилна заштита со спасувачка екипа беше исто така распореден за да им помогне на локалните власти. Според швајцарските медиуми, кантоналната влада прогласи вонредна состојба по експлозијата во Кран-Монтана.

Според соопштението до кое дојде швајцарскиот дневен весник Блик, одлуката е донесена со цел веднаш да се мобилизираат сите потребни ресурси во наредните денови.

Кантоналната влада соопшти дека ја изразува својата длабока солидарност со сите погодени од трагедијата и дека нејзините мисли се со жртвите, нивните семејства и сите други погодени од трагедијата.

Трагедија на новогодишната ноќ во Швајцарија: Десетици загинати во пожар во ски-центар/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ