
Беатрис Пиуд, главна обвинителка на кантонот Вале, изјави дека сè укажува дека пожарот во барот „Ле Констелашн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана избувнал поради пиротехнички свеќи (прскалки) поставени на шишиња шампањ, кои биле преместени премногу блиску до таванот, објави „Би-би-си“.
Матијас Рејнар, претседател на регионалната влада на кантонот Вале, денес на прес-конференција изјави дека бројот на жртви во пожарот во Швајцарија е 40, негирајќи ги извештаите дека бројот на жртви е поголем. Бројот на повредени оттогаш се искачи на 119.
Тој им изрази сочувство на семејствата на жртвите и рече дека „голем број луѓе“ добиваат медицинска помош и се во критична состојба.
Тој рече дека властите работат на што е можно побрзо идентификување на жртвите, свесни дека секоја минута без одговори е неподнослива за нивните семејства.
Околу 50 повредени лица „биле или наскоро ќе бидат префрлени од Швајцарија во европските земји, во специјализирани центри за лекување на тешки изгореници“.
Беатрис Пиуд, главна обвинителка на кантонот Вале, изјави дека сè укажува дека пожарот избувнал поради пиротехнички свеќи (прскалки) поставени на шишиња шампањ, кои биле преместени премногу блиску до таванот.
Пожарот се проширил многу брзо. Беа добиени и анализирани видео снимки, а беа спроведени и неколку интервјуа со сведоци.
Главната обвинителка рече дека биле интервјуирани двајца француски менаџери на барот, како и луѓе кои успеале да избегаат од пожарот, кој брзо се проширил низ објектот.
Беатрис Пиуду рече дека овие интервјуа им помогнале да состават список на луѓе кои биле присутни во времето на инцидентот.
Бројот на повредени по пожарот во барот „Ле Констелашн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана се искачи на 119, а идентитетот на шест лица е сè уште непознат, изјави командантот на кантоналната полиција Вале.
Од вкупниот број повредени, 71 се швајцарски државјани, изјави началникот на полицијата Фредерик Гислер на прес-конференцијата одржана во петокот.
Евидентирани се и 14 француски државјани, како и 11 Италијанци, четири српски државјани, еден државјанин на Босна и Херцеговина, еден белгиски државјанин, еден државјанин на Луксембург, еден полски државјанин и еден португалски државјанин.
Други 14 пациенти кои се лекуваат немале потврдена националност, додаде Гислер.
Формалната идентификација на 40-те жртви е сè уште во тек, изјави командантот на полицијата Фредерик Гислер.
„Тоа е наш приоритет“, рече тој.
Тој повтори дека полицијата ги има „потребните ресурси“ за работата, со поддршка од специјализирани служби.
Сепак, тој нагласи дека постојат формални процедури кои „бараат време“ и вклучуваат соработка со неколку други земји.
Тој потврди дека 113 од 119 повредени лица веќе се формално идентификувани.
Процесот на формално идентификување на преостанатите шест лица е сè уште во тек.











