Швајцарија не памети ваква трагедија: Ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат жртвите

29
EPA/ALESSANDRO DELLA VALLE

Швајцарскиот претседател Ги Пармелен истакна дека пожарот што избувна во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ е една од најлошите трагедии што ја погодија земјата, а командантот на кантоналната полиција, Фредерик Жизел, рече дека околу четириесет лица загинале во пожарот и дека 115 се повредени.

„Тоа е драма од невидени размери. Животот на многумина, особено на младите, беше брутално прекинат“, рече Пармелен, пренесе швајцарскиот весник „Темп“.

Тој ги пофали швајцарските кантони за нивната мобилизација за помош и солидарност и им се заблагодари на соседните земји што понудија помош, пред сè на Германија, Италија и Франција.

Што досега се знае за пожарот во швајцарскиот скијачки центар?

Тој оцени дека станува збор за „страшен контраст“, ​​бидејќи трагедијата се случила во одморалиште посветено на забава.

Бармелен го опиша ужасот во Кран-Монтана „како Батаклан, но без пукање“.

Пармелен рече дека знамињата на Федералната палата ќе бидат спуштени на половина копје во следните пет дена.

Претседателот на Државниот совет Матија Ренар изјави дека ќе биде потребно долго време за да се идентификуваат телата на жртвите.

Претседателот на Кран-Монтана, Никола Феро, им вети на семејствата на жртвите поддршка од општината.

Сите повредени особено оние со тешки изгореници се згрижени на лекување, првенствено во Лозана и Цирих.

Приоритет, како што беше наведено на прес-конференцијата, ќе биде идентификувањето на мртвите.

Меѓу мртвите има луѓе од различни националности, како што веруваат властите, но официјалните лица велат дека ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат, објавува Би-Би-Си.

Меѓу повредените во пожарот има голем број странски туристи.

Медиумските извештаи укажуваат дека повеќето од присутните гости биле на возраст меѓу 15 и 20 години.

Полицијата потврди дека ова не е терористички напад, а властите не коментираат за можните причини за пожарот.

Сведоци на новогодишната ноќ во швајцарски скијачки центар која се претвори во пекол: „Гледав луѓе како горат“

ИЗДВОЕНИ