Полициски службеници од полициската станица на Раб уапсиле 65-годишен швајцарски државјанин поради сомнеж дека на плажа во местото Лопар, со мобилен телефон и со фотоапарат снимал голи деца. Мажот е уапсен во петокот околу 16:00 часот, по јавување од граѓани.
Полицијата, при доаѓањето на плажата, го затекла осомничениот, кој бил приведен во службените простории со употреба на сила. Врз основа на налог издаден од надлежниот суд, бил извршен претрес на неговите уреди – на мобилниот телефон, фотоапаратот, лаптопот и на личното возило.
По спроведената кривична истрага, 65-годишниот маж му бил предаден на притворскиот надзорник под сомнение дека го сторил кривичното дело експлоатација на деца за порнографија, со поднесена кривична пријава, соопшти полицијата.