Италијанскиот стручњак Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Ал Наср, објави клубот од Ријад. Пиоли го презеде Ал Наср во септември минатата година. Клубот од Ријад ја заврши сезоната во првенството на Саудиска Арабија на третото место на табелата со 70 бода.
Пред Ал Наср, италијанскиот стручњак беше тренер на Милан, Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Верона, Сасуоло, Пијаченца, Гросето, Парма, Модена и Салернитана.
Италијанските медиуми објавуваат дека Пиоли би можел да биде новиот тренер на Фиорентина.