
Лондонскиот премиерлигаш Челзи планира до крајот на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на крилните напаѓачи, Нони Мадуеке и Рахим Стерлинг. Италијанскиот калчо гигант Милан во изминатите неколку недели покажуваше интерес за услугите на Мадуеке, додека Стерлинг, кој изминатата сезона настапуваше како позајмен играч во дресот на Арсенал, најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија.