Шумски пожари во Нов Јужен Велс: Илјадници лица се евакуирани, уништени се и домови

14

Евакуацијата е издадена за областите Фиганс Беј и Вој Вој во централниот крајбрежен регион на државата, околу 45 километри северно од Сиднеј, каде што живеат повеќе од 350.000 луѓе, објави „Ројтерс“.

Досега се уништени најмалку 16 домови, објави Австралиската радиодифузна корпорација.

Руралната противпожарна служба на државата ги повика жителите веднаш да ги напуштат погодените области доколку патиштата се проодни.

Топлиот бран со температури до 42 степени Целзиусови дополнително го зголеми ризикот од ширење на пожарот, соопшти Австралиското биро за метеорологија.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе апелираше до граѓаните да ги следат владините упатства и да се грижат за безбедноста едни на други, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ