Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер (50), брат на славниот Михаел, повторно ќе се најде пред олтар. Откако неодамна се разведе од сопругата Кора, сега е на повидок нов брак – овој пат со партнерот Етјен Бускет-Казања (36). Двајцата се во врска 19 месеци, а сега решија да одат чекор понатаму и да застанат пред олтарот.

Веста дека се свршиле одекна во светските медиуми, а како што објавува „Дејли меjл“, таа донесе радост и во домот на Шумахер. Но, посебно внимание привлече и коментарот од поранешната соперничка Кора, која упати искрени честитки до двојката.

  • Стивен (новиот партнер на Кора) и јас им посакуваме на Ралф и на Етјен многу среќа и сè најдобро, рече поранешната сопруга, а многумина веруваат дека и покрај бурниот развод, двојката, на крајот, останала во добри односи.

Пораката е особено важна бидејќи германските медиуми тврдат дека Кора со години немала контакт со својот поранешен сопруг, ниту со него ниту со нивниот син Давид, кој има 24 години. Двојката, која се венча во 2001 година на раскошна церемонија во Салцбург, беше во брак 13 години. Сепак, годините заеднички живот се претворија во пекол што медиумите внимателно го следеа, па Кора јавно ја запали својата венчаница и му испрати порака на својот поранешен сопруг да ја остави на мира за да може да се одмори од него.

ИЗДВОЕНИ