Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, се главни претенденти за титулата во Формула 1, па сè поголема е дебатата кој од овие двајца ќе биде нов шампион.

Пјастри е лидер во шампионатот од трката во Саудиска Арабија во април годинава, а Норис се обидува и успева постепено да ја намалува разликата во однос на тимскиот колега, која сега изнесува само девет бода во пресрет на втората полусезона.

Поранешниот возач на Ф1, Ралф Шумахер, верува дека двајцата сега се на исто ниво, но предупредува дека Пјастри би можел да направи клучна грешка кога титулата е на дофат.

  • Порано мислев дека Ландо е покомплетен возач, но Оскар ги надмина своите слабости од минатата година. Тој трошеше премногу гуми и не можеше да го одржи темпото. Сега има силни нерви и е брз. Ги гледам на исто ниво. Едно повлекување или една грешка може да го одлучат светскиот шампионат. Гледам опасност во тоа Оскар да преземе премногу ризици кога ја гледа титулата пред себе. Тоа понекогаш може да тргне наопаку, изјави Шумахер за Билд.

Неговите коментари се донекаде спротивни на коментарите од шампионот од 2016 година, Нико Розберг, кој тврдеше дека Пјастри нема вистински „слабости“.

Розберг нагласи дека „шампионатот ќе се одлучи во главата на Норис“.

Битката во Мекларен ветува дека ќе биде тесен финиш на сезоната и би можела да биде решена од една погрешна пресметка.

ИЗДВОЕНИ