Шукова: Ќе формираме нова служба во Град Скопје само за собирање кабаст отпад

18

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска заедно со кандидатот за градоначалник за Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски и претседателот на партијата Венко Филипче на првиот ден од кампањата за Локалните избори го посетија депото во Општина Центар, каде што се возилата со кои се собира сметот во оваа општина.

„Ќе воведеме паметен систем по теркот на европските градови – со нова механизација и GPS рутирање на возилата, за точно да се знае каде е полно и каде треба да се собира отпадот. Ова ќе биде систем без импровизации и без доцнења“, порача Шукова.

Дополнително, најави двојно зголемување на бројот на контејнери во сите скопски населби, со цел подобра покриеност и хигиена.

Според неа, хаосот во Скопје е резултат на четиригодишната блокада и саботажа од ВМРО-ДПМНЕ, кои го контролирале ЈП Комунална хигиена и го оставиле градот да „скапува во смет и депонии“.

ИЗДВОЕНИ