Вечерва се одигра кошаркарскиот Куп на Македонија – „Благоја Георгиевски-Буштур“, а тимот на МЗТ Скопје уште еднаш покажа кој е „големиот шеф“. Во натпревар во кој КК Куманово сакаше пред своја публика да го освои првиот куп-трофеј, минатогодишниот шампион од Аеродром ја расипа таа бајка, славејќи во финалето со убедливи 96:70.

МЗТ Скопје беше подобар противник во секој поглед од играта и на крајот сосема заслужено се закити со 14. трофеј во Купот, а четврти во низа.

Инаку, шампионот има и свој херој, бидејќи капитенот Дамјан Стојановски, го подигна 11-тиот пехар во Купот на Македонија. Со ова, тој го надмина легендарниот Перо Блажевски на врвот на вечната листа, кој има десет такви остварувања. Инаку семејството Стојановски (Огнен, Војдан и Дамјан) сега заедно брои неверојатни 25 Куп-трофеи, податок кој тешко дека некогаш ќе биде надминат.

За најкорисен играч (МВП) на финалниот турнир сосема заслужено беше прогласен Американецот Мек Смит-Мексвејн, кој беше најефикасен во финалето со 23 поени, со индекс на корисност од 26.

ИЗДВОЕНИ