Штрајкови за поддршка на Палестина го парализираат сообраќајот низ Италија

13

Генерален штрајк на синдикатите во поддршка на Палестина и против израелската офанзива во Газа почна денеска во Италија, со протести кои ги опфаќаат речиси сите сектори, вклучувајќи го јавниот превоз, железниците, пристаништата, училиштата и јавните услуги, јави Танјуг.

Демонстрации се закажани во голем број италијански градови, вклучувајќи ги Рим, Милано, Болоња, Неапол, Џенова, Торино, Фиренца, Анкона, Бари и Палермо, пишува италијанскиот весник „Sole 24“. Планирани се повеќе од 60 протести низ Италија.

Во поголемите градови, како што е Милано штрајковите влијаат на сообраќајот, вклучувајќи можни доцнења и откажувања на линиите на метрото. Во Рим, регионалните возови се откажани или имаат доцнења до 80 минути, додека метрото на главните линии работи без проблеми. Штрајковите на пристанишните работници ги блокираа пристапните патишта до пристаништето Џенова во северна Италија. Исто така, бројни училишта низ државата се затворени.

Италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини изјави дека само седум проценти од работниците учествуваат во штрајкот и додаде дека протестите ги организирале екстремните левичари.

ИЗДВОЕНИ