Белата куќа денес објави дека на американскиот претседател Доналд Трамп (79) му е дијагностицирана венска болест откако лекар го прегледал за оток во долниот дел од нозете.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, читајќи писмо од лекарот на Трамп, на прес-конференција изјави дека ултразвукот на нозете на претседателот „открил хронична венска инсуфициенција“.
„Знам дека многумина во медиумите шпекулираа за модринките на раката на претседателот и отокот во нозете на претседателот. Затоа, во обид да биде транспарентен, претседателот сакаше денес да споделам со сите вас порака од неговиот лекар“, коментираше таа, откако американските медиуми шпекулираа за здравјето на Трамп откако се појавија фотографии на кои се гледаат модринки на горниот дел од рацете и отечени нозе, објави Фокс њуз.