Што велат нумеролозите: Влегуваме во динамична година во која ни претстои големо „ресетирање“

57

По енергијата на затворање, прочистување и ослободување од деветтата универзална 2025 година, 2026 година е првиот чекор во новиот деветгодишен циклус што ќе го обликува нашето искуство до 2034 година. Тоа значи дека промените се неизбежни. Нумеролозите велат дека дури и ако се обидеме да ѝ се спротивставиме на енергијата за промени, животот и онака може да нè турне кон нив.

Нумерологијата ја издвојува 2026 година како универзална година – 1, посветена на преземањето нови, смели чекори, доверба во непознатото и преминување во нов циклус – без да се заборават лекциите од минатото. Математиката по која се доаѓа до бројот 1 е едноставна. Се собираат сите четири броеви, а потоа и двете цифри од резултатот: 2+0+2+6 = 10, 1+0=1.

Ни претстои големо „ресетирање“. Секоја година носи посебна енергија и, според нумеролозите, 2026 година ќе биде особено динамична.

– Годината ветува дека многу системи и организации ќе имаат нов почеток – потврдува еволутивниот астролог и поранешна научничка на НАСА, Џил Браун, основач на „Ејт старс ко“ (Eight Stars Co).

Нумерологијата е проучување на мистичните значења зад одредени броеви и шеми на броеви за декодирање шифрирани пораки за човековото однесување и за предложените патеки и, како што објаснува Браун, таа упатува на 2026 година како година за преродба со собирање свеж потенцијал на глобално ниво. Според неа, таа енергија што ќе ја почувствуваат сите, и на колективно и на индивидуално ниво, значи обновен фокус на лидерството, акцијата и на одговорноста за сите.

ИЗДВОЕНИ