Што се случува во тунелот под Ламанш? „Еуростар“ ги сопре сите возови меѓу Париз, Лондон, Амстердам и Брисел

43
EPA/ANDY RAIN

Железничката компанија „Еуростар“ соопшти дека ги суспендира „сите возови меѓу Лондон, Париз, Амстердам и Брисел“ до понатамошно известување денес, по сериозните прекини во сообраќајот во тунелот под Ламанш, кој ги поврзува Франција и Велика Британија.

Компанијата соопшти дека прекинот во сообраќајот под Ламанш е предизвикан од проблем со надземното напојување во тунелот под Ламанш, објави АНСА.

„Еуростар“ претходно денес ги предупреди патниците да очекуваат откажувања и ги советуваше да ги одложат своите патувања за друг датум.

„Им препорачуваме на сите наши патници да го одложат своето патување за друг датум. Ве молиме не доаѓајте на станицата ако веќе немате билет за вашето патување“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ