Жителите на речиси половина Загреб останаа без греење утрово, пренесува хрватски „Индекс“.
Од ХЕП велат дека екипите се на терен и се обидуваат да го санираат дефектот, но нема подетални информации за тоа каков е дефектот.
Граѓаните пријавуваат дека радијаторите се ладни во Запруѓе, Јакушевац, Утрине, Дугаве, Травно, Слобоштина, Сопот, Сигет…
Пријави пристигнуваат и од другата страна на Сава – грење нема ни во во Сигечица, Боровје, Цвјетно, на Савица, Мартиновка, во Дубрава…
Судејќи според деловите од градот што останаа без греење, проблемот е во топланата на улицата Мишевечка, пишува „Индекс“.
Информативната линија на ХЕП Топлинарство е преполна со повици, а тие не го пријавиле прекинот на својата веб-страница. Во моментов, не е познато кога би можело да се нормализира снабдувањето со топлинска енергија во деловите од градот што останаа без неа.












