Што се случува со пазарот на нафта по примирјето меѓу Иран и Израел

34
EPA/JOHN G. MABANGLO

Стравувањата од прекини во снабдувањето со нафта на Блискиот Исток се намалија по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, што ги намали цените на нафтата за повеќе од 11 проценти минатата недела.

Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела падна за 12 проценти на 67,77 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 11,3 проценти на 65,52 долари.

Цените на нафтата нагло паднаа на почетокот на минатата недела, кога беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Ова ги ублажи стравувањата од прекини во снабдувањето со нафта на Блискиот Исток и затворањето на Ормутскиот теснец, преку кој дневно минуваат помеѓу 18 и 19 милиони барели сурова нафта и гориво до клиентите ширум светот.

„Објавата за прекин на огнот го „избриша“ геополитички ризик од цените на нафтата“, вели Оле Хвалбјерг од SEB. Благодарение на ова, цените на нафтата паднаа на речиси исто ниво како и пред почетокот на израелско-иранската војна.

ИЗДВОЕНИ