26 мај 2024 година е датумот на последниот натпревар што Чави Ернандез го водеше на клупата на Барселона, но тој датум е веќе далеку. Што се случува во неговиот живот оттогаш? Кои се неговите планови? Сите овие прашања ги постави новинарот Хуан Кастро во статија за „Марка“.

Во последно време, Чави ретко се појавуваше во јавноста. Иако имаше бројни понуди од неколку клубови, пред сè од Шпанија, сепак експресно ги одби, бидејќи како што порача, во Шпанија би ја водел само Барселона.

Исто така, изминатава година имаше и понуди од некои големи тимови од Лигата на шампионите (Англија, Германија), од бројни клубови од арапскиот свет (Саудиска Арабија, Катар), но и тие не беа доволно примамливи за еден од најдобрите фудбалери во историјата. Сега останува да видиме која понуда ќе му падне в очи, бидејќи е очигледно дека, порано или подоцна, ќе се врати и дека е само прашање на време.

ИЗДВОЕНИ