Што се крие зад наредбата на Трамп за блокада на танкерите со нафта од и за Венецуела?

694
Фото: EPA SATELLITE IMAGE ©2025 VANTOR / HANDOUT

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека наредува „целосна и сеопфатна блокада“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат или излегуваат од Венецуела, откако ја прогласи владата на Николас Мадуро за странска терористичка организација. Тој не објасни како ќе се спроведе таква блокада, врз основа на кои законски овластувања или дали американската војска ќе биде вклучена во неа. Токму затоа, неговата објава предизвика голема конфузија во енергетските кругови и дипломатските центри.

Владата во Каракас ја нарече објавата на Трамп „гротескна закана“. Еден ден пред објавата, Белата куќа потврди дека САД го заплениле танкерот за нафта „Скипер“ покрај брегот на Венецуела, тврдејќи дека бил вмешан во нелегални испораки на нафта, објавува „Би-би-си“.

Според анализата на „Форбс“, зад острата реторика се крие стар, но нерешен правен спор што сега се претвора во геополитичко прашање. Тврдењата на Трамп дека Венецуела „украла американска нафта, земјиште и имот“ речиси сигурно се однесуваат на настаните од 2007 година, кога тогашниот венецуелски претседател, Уго Чавез, национализираше големи нафтени проекти во сопственост на странски компании, меѓу кои и американски, објаснува за „Форбс“ аналитичарот за нафта, Роберт Рапие. И покрај изгубените судски спорови, Венецуела уште не ја исплатила отштетата, проценета на 8,7 милијарди долари, плус камата.

ИЗДВОЕНИ