Што се „Кентаури“ – чудовиштата што ги користи француската полиција за контрола на немири/ВИДЕО

64

Француската жандармерија распореди 24 нови оклопни возила „Кентаур“ (Centaure) поради протестите што се одржуваат низ Франција денес.

Новото возило за контрола на немири е неодамна набавено и е именувано по митолошко суштество кое е половина човек, половина коњ.

„Кентаур“ е дизајниран да биде „безбеден, робустен, одвраќачки без агресивен изглед, моќен, брз, простран и удобен за долготрајни интервенции, модуларен и лесно достапен“, соопшти производителот, компанијата SoFrame со седиште во Алзас.

Возилото тежи 14,5 тони и има оклоп STANAG 4569 Класа 2, кој го штити од куршуми од 7,62 мм и фрагменти од мини. Се напојува со мотор од 330 КС и има дострел од околу 500 километри. Неговите димензии се 3.820 mm x 2.940 mm x 7.500 mm.

Возилото има капацитет до 10 лица. Може да биде опремено со топ FN MAG 58 со далечинско управување од 7,62 mm и, доколку е потребно, со автоматски фрлач на гранати со 30 куршуми.

За контрола на толпата и заштита од демонстрантите, користи топ со солзавец, додека термалната камера за ден/ноќ овозможува откривање на растојание до 9 км.

Системот Pilar V открива од каде пукаат непријателите, а на предниот дел од возилото има хидраулична „вилушка“ што ги поместува пречките со тежина до 3,5 тони. Возилото е модуларно, па може да се додадат радар, беспилотни летала, уреди за блокирање на сигнали и друга опрема.

ИЗДВОЕНИ