Што ли кријат, прашуваат демократите: Републиканците го блокираа објавувањето на тајните документи за Епстин

124
Претставниците на Републиканската партија во Комитетот за правила на Претставничкиот дом на САД го отфрлија амандманот со кој би се овозможило гласање за објавувањето на досиеја поврзани со смртта на Џефри Епстин, осудениот сексуален престапник кој во 2019 година почина во притвор, пренесе „Гардијан“.
Амандманот го предложи демократскиот застапник од Калифорнија Ро Кана, а беше отфрен со 5 гласови „за“ и 7 „против“, при што сите републиканци осве еден гласа против.
Амандманот беше процедурално приложен со законски предлог познат како закон ГЕНИУС, кој се однесува на регулацијата на дигитален имот како криптовалути. Да беше усвоен, американската адвокатка Пем Бонди ќе беше обврзана да ги објави досиејата на Епстин на јавно достапна интернет страница.

Темата се најде повторно во центарот на политичките расправи откако американското Министерство за правда неодамна објави дека нема докази за таканаречениот „список на клиенти“ или уценувачки материјал, што е во спротивност со претходните спекулации кои кружеа со години.

Иако името на Доналд Трамп не се спомнува ниту во еден од досега необјавените досиеја, освен на списокот на контакти, темата предизвикува се поголем немир меѓу неговите приврзаниџи од редовите на движењето МАГА.

Во една сега избришана објава, милијардерот и сопствениик на „Тесла“ Илон Маск тврдеше дека името на Трамп се наоѓа во документите и го повика Трамп „да ги објави, како што вети“.

Трамп се обиде да ја отфрли темата, изјавувајќи дека „ не му е јасно зошто луѓето се уштењ зборуваат за….тој лудак“. Против Трамп не се покренати обвиненија поврзани со Епстин, иако една тужба од 2016 е повлечена во меѓувреме.

ИЗДВОЕНИ