Што ја погоди Земјата во текот на ноќта?

279
screenshot Facebook video Night Lights Films

Синоќа, Земјата беше погодена од втората магнетна бура во јануари, придружена со максимална аурора, според податоците од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања (IKI) на Руската академија на науките.

„Втората магнетна бура од 2026 година се случи синоќа и беше придружена со неочекувано силна аурора бореалис, чија долна граница на некои места достигна географска ширина од приближно 50 степени. Аурората го достигна својот врв помеѓу 1:00 и 3:00 часот по московско време и достигна максимален интензитет од 10“, објави Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките, а пренесе РИА Новости.

На 50 степени северна географска ширина се делови од Германија, Полска, Франција, Обединетото Кралство, како и Белгија, Холандија, централна Европа, потоа Русија и Кина, Казахстан и Монголија во Азија.

Научниците додадоа дека бурата била реакција на пристигнувањето на плазма облак кон Земјата, кој бил исфрлен за време на една од слабите експлозии на Сонцето што се случија во последните денови, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ