Јанис Адетокумбо, кој заедно со Никола Јокиќ и Лука Дончиќ е најголемата ѕвезда на годинашниот Евробаскет, го пропушти натпреварот од четвртото коло против Босна и Херцеговина, меч кој го загубија со 80:77. Одлуката да го пропушти овој натпревар беше донесена непосредно пред почетокот поради болки во коленото што ги доживеа кошаркарот на Милвоки. Ова е втор натпревар за Грција на Евробаскетот без Адетокумбо, бидејќи претходно го пропушти натпреварот против Кипар заради одмор. Во двата натпревари што ги одигра, тој има просек од 29 поени, 7,5 скока, 3 асистенции и 1,5 украдени топки.

Можно е сето ова да е само претпазливост, но доколку се утврди дека проблемот е од посериозна природа, Грција би имала проблеми во продолжението од натпреварувањето.

Инаку, веќе неколку ѕвезди го напуштија Евробаскетот поради повреди, а меѓу нив најпознати и исклучително важни за своите селекции се Богдан Богдановиќ, кој се здоби со тешка повреда, како и Рокас Јокубаитис, плејмејкерот на Литванија, кој е еден од најдобрите играчи на првенството досега. Последен во низата повредени, кој мораше предвреме да ги заврши настапите на ЕП, е Французинот Алекс Сер, кој ги брани боите на НБА-лигашот Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ