Што досега се знае за пожарот во швајцарскиот скијачки центар?

859
EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Најмалку 40 лица загинаа, а 115 се повредени во пожар што избувна во бар за време на прославата на Нова година во популарното скијачко одморалиште Кран-Монтана, во југозападна Швајцарија, соопшти швајцарската полиција во денеска попладне, а властите ја исклучија можноста за терористички напад.

Според Би-Би-Си, пожарот избувнал во барот „Ле Констелашн“ во скијачкото одморалиште Кран-Монтана во 1:30 часот по локално време. Властите соопштија дека во барот имало луѓе од повеќе националности.

Македонски државјанин исчезнат по пожарот во Швајцарија, МНР во контакт со надлежните служби

Полицијата соопшти дека 40 лица загинаа, а 115 се повредени, од кои многумина се со сериозни повреди. Канцеларијата на регионалниот обвинител соопшти дека властите го третираат инцидентот како пожар.

Швајцарскиот претседател Ги Пармелин рече дека станува збор за „една од најлошите трагедии што се случиле во земјата“.

Што се знае за жртвите?

Повредените се однесени во болници низ Швајцарија. Одделот за изгореници во Милано е исто така подготвен да ги прими повредените. Директорот на Универзитетската болница во Лозана изјави за швајцарски весник дека досега таму се префрлени 22 пациенти, претежно на возраст од 16 до 26 години.

Властите работат на идентификување на жртвите, за телата да можат да им бидат вратени на нивните семејства што е можно поскоро, изјави Беатрис Пилу, регионална обвинителка. Но, италијанската амбасадорка во Швајцарија предупреди дека идентификувањето на жртвите може да потрае со недели.

Министерот за надворешни работи на Италија претходно изјави дека идентификацијата може да биде тешка поради сериозноста на изгорениците.

Италијанското министерство за надворешни работи изјави за Би-Би-Си дека 16 италијански државјани се водат како исчезнати, а дека меѓу 12 и 15 се лекуваат во болница.

Француските медиуми објавија дека меѓу повредените има најмалку двајца француски државјани. Францускиот претседател Емануел Макрон понуди „целосна солидарност на Франција и братска поддршка“ на Швајцарија.

Британската амбасада во Швајцарија соопшти дека ја следи ситуацијата, но не е побарано да помогне. Конзуларниот персонал е во состојба на готовност за да им помогне на погодените британски државјани доколку се појави потреба, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Што го предизвика пожарот?

Причината засега е непозната. Запрашан за претходните извештаи за експлозијата, регионалниот безбедносен службеник Стефан Ганцер рече дека „пожарот не бил предизвикан од детонација на експлозивна направа, туку од пожар кој, како што се развивал, предизвикува експлозија и општ пожар во просториите“.

Двајца француски државјани кои рекле дека биле во барот во тој момент опишале како виделе келнерка како става роденденска свеќа врз шише шампањ.

„Една од свеќите била држена премногу блиску до таванот, кој се запалил. За неколку секунди, целиот таван бил во пожар. Сè било направено од дрво“, изјавија Ема и Албан за францускиот медиум BFMTV.

Тие ја опишаа евакуацијата како „многу тешка“ бидејќи патот за бегство бил „тесен“, а скалите за излегување биле „уште потесни“.

На прес-конференција во четврток, обвинителот Пилу, исто така, рече дека скалите изгледале тесни, но дека истрагата ќе процени дали биле во согласност со барањата.

Регионалниот командант на полицијата, Фредерик Гислер, изјави дека чадот првпат се појавил од барот околу 1:30 часот по локално време, по што биле повикани служби за итни случаи. Првите полицајци брзо пристигнале на местото на настанот, а по нив следеле и големи спасувачки екипи, рече Гислер.

Што се знае барот за „Констелејшн“ во Кранс-Монтана?

„Констелејшн“ е голем бар во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана кој постои веќе многу години. Иако самото одморалиште е доста луксузно, „Констелејшн“ не бил особено отмен, објави Силвија Костело од Би-Би-Си од одморалиштето.

На горниот кат е област со ТВ екрани каде што луѓето одат да гледаат фудбалски натпревари. На долниот кат е голем бар каде што луѓето веројатно се забавувале.

Барот можел да прими до 300 луѓе и имал мала тераса, иако не е познато колку луѓе имало таму во времето на пожарот.

Божиќните и новогодишните празници се едни од најпрометните периоди во годината за алпските скијачки центри, и веројатно е дека барот бил полн со Швајцарци и туристи кои го славеа почетокот на 2026 година.

ИЗДВОЕНИ