Со јасна визија за иден раст и развој, НЛБ Банка Скопје ја зацрта својата стратегија до 2030 година: целосно дигитална банка, супериорно корисничко искуство, високи перформанси, столб на стабилност и одржливо работење, порача претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски, на почетокот од одбележувањето на овој значаен јубилеј, 40 години постоење, кој Банката го започна со голема кампања под слоганот „Што ако можеш сè?“

НЛБ Банка Скопје одбележува значаен јубилеј – 40 години од своето основање. Во изминативе четири децении, НЛБ Банка Скопје со стратешка визија ја градеше својата позиција, издигнувајќи се до една од највлијателните финансиски институции во земјата и столб на довербата и стабилноста. Банката покажа отпорност на сите глобални и пазарни предизвици и посветеност кон иновациите и растот, истовремено обезбедувајќи поддршка на населението и на стопанството и давајќи силен придонес во заедницата и во економијата на земјата.

– Овој јубилеј е повеќе од бројка. Тој е сведоштво за посветеноста и за истрајноста и доказ за банка со јасна визија за сè што следува. Сакам да им се заблагодарам на сите оние што придонесуваат за извонредното патување на НЛБ Банка – клиентите, генерациите вработени, партнерите и соработниците, НЛБ Групацијата и сите претходни управи што ја градеа оваа институција. Нивната посветеност и непоколебливата верба во успех ги поставија темелите врз кои ние продолжуваме да градиме – истакна Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Децениското наследство е инспирација за иднината. Со јасна визија за иден раст и развој, НЛБ Банка Скопје ја зацрта својата стратегија до 2030 година: целосно дигитална банка, супериорно корисничко искуство, високи перформанси, столб на стабилноста и одржливо работење.

– Денес, НЛБ Банка Скопје е фокусирана на иднината повеќе од кога било. Динамичниот свет во кој живееме и технологијата што се менува со брзина на светлината, целосно ги преобликува нашето работење и нашите стратешки приоритети. Инвестираме во дигиталната трансформација, ги прошируваме нашите услуги и го преобликуваме искуството на нашите клиенти. Иднината отвора нови хоризонти и безброј нови можности. Со наследството што го носиме и со иновациите што ги воведуваме, немам сомнеж во успехот – заклучува Стојановски.

Одбележувањето на овој значаен јубилеј, Банката го започна со голема кампања под слоганот „Што ако можеш сè?“, порака што силно допира до секој еден што знае да сонува, но и да се охрабри и да влезе во светот на бескрајните можности. Слоганот ја отсликува амбицијата – моќна сила што поттикнува и движи напред.

– Човечката амбиција е универзална, тоа е енергија што го трансформира потенцијалот во реалност. НЛБ Банка силно верува дека вреди да се поддржи амбицијата. Веќе 40 години цврсто стои покрај поединци, семејства и бизниси и е банка што беше и останува нивни сигурен финансиски партнер за сè што следува – велат од НЛБ Банка. 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ