Се уриваат објектите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во кои беа сместени околу десет семејства, бидејќи таму треба да поминува трасата за доградување на булеварот „Партизанска“ и ќе се гради кружен тек.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, рече дека десетте семејства ќе добијат типски куќи, со што ќе го решат своето станбено прашање.

– Постигнавме договор со жителите на овие објекти, кои датираат повеќе од 50 години. Тие ќе бидат срушени, станарите ќе добијат типски куќи. Повеќе од десет семејства ќе бидат сместени во типските куќи. Овде продолжуваме со активностите и очекуваме до крајот на летото, согласно со динамиката на оваа локација, каде што се наоѓаме сега, да има еден прекрасен кружен тек и поврзување на булеварот „Партизанска“ меѓу населбите Осми Ноември, Сењак 4 и Баби – изјави Јорданов.

Доградувањето на булеварот „Партизанска“ е во должина од еден километар, но активностите беа прекинати поради овие објекти. Со нивното отстранување, ќе продолжи реконструкцијата, ќе се изгради нов кружен тек и ќе се постави 20-метарски крст. Јорданов вели дека очекува изградбата на булеварот „Партизанска“ да заврши во септември.

ИЗДВОЕНИ