Судењето за криминалната група на Раде Трајковски Штекли се одложи на еден час бидејќи првообвинетиот утрово во затворската ќелија затворската полиција го проншла неконтактибилен и дезориентиран.
Повикале лекар и со специјалистички упат бил пренесен на Клиниката за неврологија. Судијата Илија Трпков рече дека ќе почека да види со каков наод ќе биде прегледот од што ќе зависи стартот на судењето.
Групата на Штекли е обвинета за трговија со дрога, а тој неколкупати преживеа обиди за негова ликвидација.