недела, февруари 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Штеките цигари ги криел во цевката од цистерна

Штеките цигари ги криел во цевката од цистерна

86

Македонската царина на граничен премин Богородица пронајде  49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево како и во цевката во долниот дел од цистерна. Возачот на цистерната, за да може полесно да ги извади штеките цигари, ги поврзал со сајла и така ги скрил во цевките, сè со цел да избегне плаќање давачки во износ од 81 илјада денари. Против него е поведена соодветна постапка, а штеките цигари и тутунот се запленети, соопштија од Царинската управа.

Во друг случај, биле откриени мигранти од Египет во просторот за палети на камион со грчки регистарски таблички, на влез во државата, на  преминот Богородица.

 

ИЗДВОЕНИ