„Штафетно нуркање за мир“ во Охридското Езеро

67

Доколку сте психофизички здрави и се чувствувате способни да нуркате на здив во должина од 25 мeтри, без оглед на возраста, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од единствениот настан од ваков вид во светот, „Штафетно нуркање за мир“, кој ќе се одржи кај „Старото пристаниште“ , пред хотелот „Палас“, во Охридското Езеро в понеделник, со почеток во 12 часот.

Настанот се реализира во рамки на годинашното издание на Фестивалот на водени спортови „Ohrid Water Festival 2025“, а по повод одбележувањето на 80 години Црвен крст Охрид.

Специјален гостин на настанот ќе биде човекот „амфибија“, 71-годишниот Јане Петков од Сандански, Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир ќе го направи со нуркање на 25 метри, со една рака врзана за телото.

– Добредојдени се сите добронамерни, слободоумни и хумани наши сограѓани, гости, туристи, посетители кои сакаат да го следат настанот на Старото пристаниште во Охрид, од каде сите заедно ќе испратиме симболична, но силна порака за мир, почитување и толеранција – велат организаторите.

Пријавувањето за „Штафетно нуркање за мир“ трае до утре.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ