НБА лигата го казни Денис Шредер по хаотичните сцени што се случија по натпреварот помеѓу Сакраменто и Лос Анџелес Лејкерс, одигран на 28 декември во „Крипто арената“.

Германскиот плејмејкер, кој ги брани боите на „кралевите“, беше суспендиран на три натпревари откако, според одлуката на лигата, се пресметал физички со Лука Дончиќ во тунелот на салата по тешкиот пораз на Сакраменто со 125:101.

Напнатата атмосфера помеѓу Шредер и словенечката ѕвезда тлееше во текот на целиот натпревар, а двајцата постојано разменуваа навреди и провокации на паркетот. Ситуацијата дополнително ескалираше за време на тајмаутот, кога Дончиќ го провоцираше Шредер потсетувајќи го на четиригодишниот договор вреден 82 милиони долари што Германецот претходно го одбил од Лејкерс, велејќи му дека „требало да го потпише тој договор“. Иако сè се чинеше дека се смири по последниот свиреж, вистинскиот хаос допрва дошол. Околу 40 минути по крајот на натпреварот, Шредер го видел Дончиќ во тунелот, во близина на клупата на Лејкерси, и тогаш страстите повторно се разгореле.

ИЗДВОЕНИ